ХРВАТСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ Е ГЛАДЕН ЗА БИТКА

Карачиќ: Вардар нема да се откаже од врвот, тоа ќе го докажеме

Повредата е зад Игор Карачиќ. Хрватскиот интернационалец на дуелот со Железничар постигна три гола во кам-бекот на терените. 

објавено: 5 септември 2018 - 20:50

На Вардар никако да му појде од рака. Пред стартот на Лигата на шампионите, ростерот не е целосно комплетиран, а стратегот Роберто Гарсија Парондо ниту еден тренинг не го одработи во комплетен состав, што пак е проблем. 

По подолга пауза поради повреда на теренот се врати Игор Карачиќ. Хрватскиот репрезентативец и покрај бројните промени во ростерот, но и на кормилото на тимот, верува дека и во новата сезона во ЛШ, Вардар ќе игра на врвно ниво. 

„За жал се помалку сме, поради бројните повреди. Со новиот тренер имаме повеќе тренинзи, но полека се прилагодуваме. Добро ни е познат шпанскиот систем на работа, знаеме како функционира. Од меч во меч, играме подобро. Стандардно натпреварот го почнуваме послабо, но на крајот резултатот и играта во второто полувреме може да не радуваат. Бевме повредени во текот на подготовките, ни треба време да влеземе во посакуваниот ритам пред стартот на Лигата на шампионите, која почнува за набрзо. Сакаме да бидеме на врвно ниво, да докажеме дека нема лесно да се откажеме од врвот и во ЛШ и во СЕХА-лигата", изјави по мечот Игор Карачиќ.

Најново во Ракомет