САЛАТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА РАКОМЕТНАТА ЛЕГЕНДА

Името „Младост“ заминува во историја

Салата „Младост“ во Битола во иднина ќе се вика Боро Чурлевски, по ракометната легедна која потекнува од овој град. 

објавено: 31 јули 2018 - 13:34

Салата „Младост" во Битола во иднина ќе се вика Боро Чурлевски, по ракометната легедна која потекнува од овој град. По три години, советот на Општина Битола денеска ја донесе оваа одлука.

Чурлевски кој почина на 49 години во 2014 година, беше дел од македонската репрезентација и Пелистер, каде во 1984 година ја започна својата кариера. Во негова чест „пелистерци“ ќе оргнизираат меѓународен турнир, кој во иднина ќе стане традиција.

Салата во Битола веќе на големо се реновира, овој град не само што има два големи ракометни клубови (Пелистер и Еурофарм Работник), по пауза од 15 години ќе биде домаќин на еден репрезентативен дуел. Во октомври Македонија ќе ја пречека Турција во рамките на квалификациите за Европското првенство. 

 

Најново во Ракомет