НАЈАВИТЕ СЕ УШТЕ ПОСЕРИОЗНИ

Голем проблем за Вардар: Столе се враќа во декември

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ќе паузира многу подолго од најавите. Вардаровиот пикер најверојатно ќе мора да оди на операција, која пак бара подолга рехабилитација. 

објавено: 27 август 2018 - 12:18

Повредата на капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и многу посериозна од што беше најавено во Стразбур. Пикерот на „црвено-црните“ ќе мора да оди на операција, која пак бара подолга рехабилитација, односно два до три месеци. Ова значи дека нема да биде на располагање ниту за квалификациските дуели за ЕП 2020.

Македонија ги почнува квалификациите за ЕП 2020 во октомври, на 25 против Турција, во Битола, на 28 со Грција, во Кожани. 

„Столе ќе биде надвор од теренот два или три месеца. Чекаме да видиме колку точно ќе отсуствува. Тоа е голем проблем за нас, ќе ни недостасува и како капитен и како играч", рече Парондо на денешната прес-конференција.

Стоилов се повреди против ПСЖ во првото полувреме, при еден незгоден дуел со Лука Карабатиќ се здоби со скршеница на десната дланка. 

Парондо во моментов има проблем и со Игор Карачиќ, но тој се очекува наскоро да се врати, „ранлив“ и е Рожерио Мораес, но како што вели Шпанецот нема потреба од загриженост.

 

Најново во Ракомет