АЛЖИРСКИОТ ГОЛМАН СЕ ОЧЕКУВА ДА МУ СЕ ПРИКЛУЧИ ШАМПИОНОТ

Гедбан треба да расчисти со Шпанците за да дојде во Вардар

Патот на младиот ракометар до Скопје стана малку посложен од очекувањата. Документите за настап во „црвено-црниот" дрес во моментов се единствениот проблем.

објавено: 9 септември 2018 - 09:27

Со алжирскиот голман, Калифа Гедбан, Вардар треба да го комплетира ростерот за новата сезона во Лигата на шампионите, која ја стартува на 15 овој месец на гостувањето кај европскиот првак, Монпелје. 

Но, патот на младиот ракометар до Скопје стана малку посложен од очекувањата. Документите за настап во „црвено-црниот" дрес во моментов се единствениот проблем. Гедбан треба да расчисти со шпанскиот Анхел Хименез за кого првично требаше да игра, но поради недовербата на тренерот на овој тим Хулиан Руиз, наместо да ја продолжи визата за престој во оваа земја, тој веќе не се вратил.

Од таброт на македонскиот првак се надеваат дека во следните неколку дена ќе можат и официјално да стават потпис и со алжирскиот репрезентативец, кој заедно со Дејан Милосављев и Марко Кизиќ првично ќе бидат задолжени за голот на Вардар.

„Црвено-црните“ денеска (17:35) му гостуваат на Татран Прешов во рамките на третото коло во СЕХА-лигата. 

Најново во Ракомет