БИТОЛЧАНИ ГО ПОТПИШАА ДЕСЕТОТО ЗАСИЛУВАЊЕ

Габонски репрезентативец во редовите на Пелистер

24-годишниот Черубин Табанге е нов име во редовите на битолскиот тим, тој игра на позиција лев и среден бек.

објавено: 6 септември 2018 - 17:26

Пелистер го затвори „ростерот“ за новата сезона со габонскиот репрезентативец,Черубин Табанге, кој игра на позиција среден и лев бек. 

Табанге (185 см, 90 кг) е десетото и како што велат од клубот засилување пред стартот на новата сезона, во која силите ќе ги одмерат со Еурофарм Работник во големото градско дерби. Овој 24-годишен ракометар кој веќе е во Битола потпиша едногодишен договор,

Табанге минатата сезона заедно голманот Харис Плех беа дел од турскиот тим МУК од Анкара .

 

Најново во Ракомет