СУПЕР-ЛИГА

Еурофарм Работник перфектен и по петото коло

Битолскиот тим на гостувањето кај амбициозниот Бутел Скопје славеше со 23-18 во рамките на петото коло во Супер-лигата. 

објавено: 14 октомври 2018 - 22:00

И по петото коло во Супер-лигата не се промени ништо, барем кога станува збор за Еурофарм Работник. Битолскиот тим го запиша петтиот триумф сезонава, откако на гостувањето кај амбициозниот Бутел Скопје славеше со 23-18 (9-14). Џукиќ со шест гола беше прв стрелец, кај домаќинот Мајиќ имаше исто толку погодоци.

Претхно Охрид беше подобар од Радовиш со 28-22 за четврта победа во низа во Супер-лигата. По оваа средба охриѓани останаа на второто место на табелата. 

Петото коло ќе биде комплетирано со мечот меѓу Борец и Пролер, кој е закажан за 17 октомври. 

Резултати 5. коло: Бутел Скопје - Еурофарм Работник 18-23 , Радовиш – Охрид 22-28, Струга – Прилеп 23-23, Вардар Јуниор – Пелистер 30-34.

 

Најново во Ракомет