НИ „Д“ ОД ДЕРБИ ВО БИТОЛА:

Еурофарм Работник го „смачка“ Пелистер

Еурофарм Работник е победник на првата градска пресметка со Пелистер сезонава, славеше со 33-22.

објавено: 18 септември 2018 - 19:55

Еурофарм Работник е победник на првото битолско дерби во Супер-лигата, го совлада Пелистер со убедливи 33-22. Бројните засилувања во редовите „зелените“ ветуваа интересна пресметка, но вака не размислуваа условно кажано гостите, уште на стартот наметнаа силно темпо, поведоа со 1-7, на одморот замина со иста позитива 9-15. 

Милан Џукиќ со 13 гола беше најефикасен, во дебито во дресот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски постигна шест погодоци. На другата страна Табанге Черубин имаше пет гола, еден помалку имаа Димитровски и Зејак. 

Во следното коло Пелистер игра со Пролет на домашен терен и ќе бара рехабилитација за поразот од градкиот ривал, додека Работникќе се обиде да ја продолжи победничката серија во дуел против Радовиш, исто така во Битола. 

 

Најново во Ракомет