КОМПЛЕТИРАНО ВТОРОТО КОЛО ВО СУПЕР-ЛИГАТА

Еурофарм Работник го реши и Радовиш

Еурофарм Работник го совлада Радовиш со 35-27 во последниот меч од второто коло во Супер-лигата. 

објавено: 23 септември 2018 - 20:02

Еурофарм Работник и Струга се единствените две екипи без пораз по второто коло во Супер-лигата.

За разлика од градското дерби, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ за противник го имаа незгодниот состав на Радовиш, кој пружи силен отпор во првото полувреме (15-15). По одморот сепак дојде до израз квалитетот на домашниот тим, со две серии од 6-1 и 4-0 стигна до победа од 35-27.

Ојлески со седум погодоци беше прво име кај Еурофарм Работник, каде Кузманоски, Ивановиќ и Џукиќ имаа еден погодок помалку. Во редовите на Радовиш, Ристов запиша пет гола.

Струга пак вториот триумф го запиша на сметка на Вардар Јуниор, на домашен терен славеше со 32-22 (15-10).

Резултати 2. коло: Охрид - Бутел 28-24, Пелистер - Пролет 32-20, Прилеп - Борец 33-22.

Табела: Е. Работник 6, Струга 6, Бутел 3, Пролет 3, Охрид 3, Прилеп 3, Вардар Јуниор 3, Пелистер 3, Радовиш 0, Борец 0.

 

 

Најново во Ракомет