ЛЕВИОТ БЕК НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ

Емотивна порака на Горбок по повредата

На проблемите во Вардар им нема крај. Македонскиот првак во следните месеци нема да може да смета на услугите на Сергеј Горбок кој има скинати лигаменти на коленото. 

објавено: 4 септември 2018 - 20:02

Сергеј Горбок е вториот играч на кој предводникот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо нема да може да смета на подолг период. Рускиот репрезентативец кој се повреди во саботата на тренинг, поточно има скинати лигаменти на коленот испрати емотивна порака.

„Ова е тежок период за мене. Но, би сакал да им се заблагодарам за поддршката на моето семејство, моите пријатели, мојот клуб Вардар, како и навивачите. Нема да бидам на теренот, но ќе бидам со соиграчите“, рече Горбок.

Македонскиот првак претходно остана без капитенот Стојанче Стоилов, кој се здоби со скршеница на десната дланка и ќе се врати во декември. Веќе одамна во составот на Вардар го нема младиот голман, Даниел Ѓорѓевски.

 

Најново во Ракомет