ШАМПИОНОТ ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА СЛОВЕНИЈА

Две нови лица во таборот на Вардар

Македонскиот шампион попладнево заминува за Крањска Гора, Словенија. Тренерот Роберто Гарсија Парондо на располагање ќе има уште двајца нови ракометари. 

објавено: 31 јули 2018 - 11:40

По една недела во Скопје, македонскиот шампион се сели во Крањска Гора, Словенија, каде ќе остане до 11. август. Новиот стратег на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, на располагање ќе има двајца нови ракометари.  

Станува збор за средниот-лев бек, Марко Мишевски и голманот Даниел Ставровски, кои доаѓаат од Вардар Јуниор. Двајцата ракометари со тимот ќе бидат и на меѓународниот турнир во Германија (почнува 10. август), а на нивните услуги Шпанецот ќе се смета додека се комплетира екипата. 

Во моментов Вардар и понатаму ја чека разврската со Португалецот, Алексис Боргес и е во активна потрага по нов голман, откако претходно се раздели во Страхиња Милиќ.

Најново во Ракомет