ЛЕВОТО КРИЛО НЕ Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА

Дибиров: Со Вујо секогаш е интересно...

Македонскиот и регионален првак, Вардар утре го игра вториот меч во СЕХА-лигата, во СЦ „Јане Сандански“ гостуваат Веселин Вујовиќ и Железничар. 

објавено: 3 септември 2018 - 12:14

Македонскиот и регионален првак, Вардар утре го игра вториот меч во СЕХА-лигата, во СЦ „Јане Сандански" гостуваат Веселин Вујовиќ и Железничар. Ова е најава за нов интересен меч, особено кога на другата страна на теренот е популарниот Вујо.

„Со Вујо секогаш е интересно. Сакам со Вардар да одиме чекор по чекор, да играме се подобро, да ја подобриме формата и да се покажаме во најдобро светло. Од почеток до крај мора да бидеме сериозни, секако, одиме на победа“, изјави Тимур Дибиров.

Стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо беше краток. 

„Втор меч во СЕХА, ќе се обидеме да одиграме многу подобро од претходниот меч. Мора да го дигнеме нивото на игра, да бидеме подобри пред стартот на Лигата на шампиони“, рече шпанскиот стратег.

Натпреварот меѓу Вардар и Железничар е закажан со почеток во 20:15 часот. 

 

Најново во Ракомет