ВАРДАР ИМА ПРОБЛЕМИ, НО ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО

Дибиров апелира: Потребна ни е поддршка и верба од навивачите

Вардар со бројни проблеми ја почнува новата сезона. Подготовките за жал не минаа како што сите посакуваа, повредите беа во преден план, па „црвено-црните“ немаа вистинска можност да се воиграат. 

објавено: 27 август 2018 - 12:32

Вардар со бројни проблеми ја почнува новата сезона. Подготовките за жал не мин аа како што сите посакуваа, повредите беа во преден план, па „црвено-црните" немаа вистинска можност да се воиграат.

И покрај ова Тимур Дибиров верува дека македонскиот шампион ќе биде на нивото на кое сонуваат сите фанови, но бара поддршка и верба.

"Се соочуваме со проблем кој никој не го сака. Ниту еден пат не трениравме комлетни. Играчите постојано се со здравствени проблеми. Најавуваме интересна и возбудлива сезона. Одигравме 2-3 турнири и уште не можеме да знаеме колку сме подготвени и каква е нашата слика. Имавме одлични средби со ПСЖ, Нант и Фуксе Берлин, но не беше така добро против Хамбург и Мешков. Сакаме да покажеме квалитет без разлика кој ќе биде во составот. Не сме уште константни во моментов и уште не сме најсигурни, но ќе биде подобро. Ќе видиме како ќе биде во февруари и во март. Имаме нов тренер и играчи и ни треба време. Бараме поддршка од сите. Ни треба поддршка од навивачите, но и од медиумите", изјави Дибиров.

Првиот дуел во новата сезона, Вардар го игра во среда против Металург во рамките на првото коло во СЕХА-лига. 

Најново во Ракомет