ВАДАРОВИОТ ГОЛМАН ЈА ИМА НАЈТЕШКАТА ЗАДАЧА

Дали Милосављев полека ги освојува „црвено-црните“ срца?

Дејан Милосављев, ќе ја има најтешката задача сезонава, да го замени екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик, кој беше миленик на фановите на македонскиот првак. 

објавено: 2 септември 2018 - 21:45

Рано е да се дваат било какви прогнози за Вардар или пак за новите ракометари. Сезоната само што почна, а кулминација ќе доживее кога ќе стартува Лигата на шампионите. Но, по првото коло во СЕХА-лигата, како да добиваме впечаток дека од новајлиите во таборот на „црвено-црните“, Дејан Милосављев полека почнува да ги освојува срцата на фановите.

Регионалното натпреварување, традиционално на својата „Фејсбук“ страница спроведе анкета кој ракометар е најдобар по првото коло. Во тесниот избор меѓу четири играчи се најде токму Милосављев, кој пак засега има најмногу гласови, кои пак претежно доаѓаат од македонските фанови. Вардаровиот голман на дербито со Металург имаше 12 одбрани, а во текот на подготвителните мечеви, пружи солидни партии, што пак е за поздрав.

Милосављев е еден од оние ракометари кои ќе ја има најтешката задача, да го замени одличниот Арпад Штербик, кој беше миленик на македонската публика и чии одбрани го водеа Вардар кон големи победи.

Следен предизвик за Вардар во СЕХА-лигата е дуелот со Железничар и Веселин Вујовиќ, кој се игра во вторник со почеток во 20:15 часот. 

Најново во Ракомет