СРПСКИ СТРАТЕГ НА КЛУПАТА НА БИТОЛЧАНИ

Чирковиќ и Еурофарм Работник се подадоа рака во Белград

Ѓорѓе Чирковиќ е наследникот на Илија Темелковски на клупата на Еурофарм Работник. Битолчани денеска во Белград си подадоа рака со српскиот стручњак.

објавено: 19 јули 2018 - 21:37

Ѓорѓе Чирковиќ е наследникот на Илија Темелковски на клупата на Еурофарм Работник. Битолчани денеска во Белград си подадоа рака со српскиот стручњак.

Чирковиќ е селектор на кадетската репрезентација на Србија, а во клупскиот ракомет ги водеше екипите на Војводина, Жезелничар, Партизан, Илиопулис, Југович Каќ и Доброгеа Суд од Констанца. Прогласен е за најдобар српски тренер во 2014 година, а првенството и Купот на Србија го освојувал и со Партизан и со Војводина.

Новиот тренер наскоро ќе допатува во Битола и ќе ги почне подготовките за новата сезона во која Еурофарм Работник ќе игра во ЕХФ Купот. За постетување Илија Темелковски кој останува да работи во клубот како советник и координатор.

 

Најново во Ракомет