РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ПРЕД КЛУПСКИТЕ ОБВРСКИ

БРЕСТОВАЦ НЕ МОЖЕ ДА СТИГНЕ СЕКАДЕ: Металург без „кормилар" до 20 август

Настапот на кадетскиот национален тим на ЕХФ Шампионатот во Грузија (10 – 19 август) се одвива паралелно со подготовките на вице – првакот. Стратегот мора да ги стави репрезентативните пред клупските обврски.

објавено: 1 август 2018 - 16:15

Македонскиот стратег Данило Брестовац од пред неколку дена на функцијата селектор на младинската и кадетската машка репрезентација на Македонија, ја додаде и улогата на шеф на стручниот штаб на вице-првакот Металург.

Двојната улога носи повеќе обврски и главоболки, а со првата поголема се соочува уште на самиот старт.

Селекторот ќе мора да ги стави репрезентативните пред клупските обврски, па така Металург без главниот тренер ќе мора да го одработи најголемиот дел од претсезонскиот период, а ќе го нема стратегот ниту за натпреварот во Супер купот на Македонија против Вардар на 18 август во Струга.

Всушност уште од стартот асистентите на Брестовац во Металург, Оливер Димитриоски и Петар Мисовски ќе го имаат главниот збор. Металург првиот собир го има во Скопје в понеделник, додека тренерот е во Маврово на подготовки со кадетската репрезентација од каде продолжува за Грузија, каде кадетите од 10 до 19 август ќе играат на ЕХФ Шампионатот У18.

Најново во Ракомет