ЗАКАЖАН СТАРТОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ

Брестовац го собира Металург на 6. август

Новиот стратег на Металург, Данило Брестовац ги закажа подготовките за новата сезона.

 

објавено: 30 јули 2018 - 15:45

Металург со подготовките за новата сезона ќе стартува на 6. август. Новиот стратег на тимот од Автокоманда, Данило Брестовац и неговите момци во Скопје ќе останат само три дена, потоа заминуваат за Маврово. Младиот стратег го комплетира стручниот штаб, прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, додека тренер на голманите останува Петар Мисовски.

Прв тест во рамките на подготовките „металурзите“ ќе го имаат во Струга, каде ќе се сретне со екипата на Вардар, во рамките на Супер-купот. 

По овој дуел тимот се враќа во Скопје, предвидени се неколку пријателски мечеви, но засега противниците не се откриваат.

Првата официјална средба Металург ќе ја има на 28/29 август против Вардар во рамките на првото коло од новата сезона во СЕХА-лигата.

 

Најново во Ракомет