СЕ ВРАЌА ВО АВТОКОМАНДА СО НОВА УЛОГА

Брестовац е нов тренер на Металург: Не сум Дејвид Коперфилд, немам магично стапче, но можам да ветам работа!

Селекторот на младинската репрезентација, Данило Брестовац ќе биде нов тренер на Металург во следните три години. 

објавено: 25 јули 2018 - 12:14

Данило Брестовац е нов тренер на Металург, оваа информација и официјална ја потврдија од клубот на денешната прес-конференција. Тој доаѓа на местото на Александар Јовиќ, кој беше замeна за Лино Червар.

„Голема благодарност до претседателот и соопственикот на Металург кој ми даде можност по три години да се вратам во клубот кој го чувствувам како свој. Не сум Дејвид Коперфилд, немам магично стапче за да направам чуда. Металург не само што ќе остане прв во регионот со работата во млади категории, ќе го дигнеме на едно поголемо ниво, со методи кои се блиску до центрите во Европа.

Ќе се обидам со младите категории да се наметнеме, да го имаме еден од најсовремените тренажни процеси. Металург треба да биде фабрикант, кој ќе произведува ракометари за големит клубови. Тука ќе има место за оние кои што сакаат да работат, ќе сакаат да се посветат...

Се надевам за три години одновно ќе се собереме вака, и ќе видиме што сме направиле. Не сакам да зборувам, сакам да работам, ќе имам одлични услови. Сакам да останам цел живот во Металург, сакам да бидеме на скалило погоре од нивото на кое беше тимот“, изјави Брестовац. 

Предводникот на младинците се враќа во Автокоманда, но сега како главен тренер, порано беше задолжен за голманите на овој тим. Во својата кариера беше помошник на францускиот Шамбери, на поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, а минатата сезона го предводеше Ред Бојс Диферданж.

 

Најново во Ракомет