Во последниот меч од 6. коло

Борец на минус 32 против Бутел

Ракометарите на Бутел остварија четврта сезонска победа, откако тотално го декласираа последопласираниот тим на табелата со 48:16.

објавено: 21 октомври 2018 - 20:13

Ракометарите на Бутел славеа со преубедливи 48:16 во последниот меч од 6. коло во машката ракометна Суперлига. Вечерва во скопје, бутелчани немаа достоен противник во велешки Борец, кој на ова гостување остана на само 16 постигнати гола, од кои по 8 постигна и во двете полувремиња.

Бутел ја најави својата доминација уште во првиот дел кој го заврши со предност од 25:8, а потоа во вториот дел не само што ја одржуваше разлиата туку успеа и значително да ја зголеми. За Бутел ова е четврта сезонска победа, додека екипата на Борец по шест кола има исто толку порази.

Најново во Ракомет