„КВАРТЕТ“ ВЕРЕН НА ШАМПИОНОТ

Четири играчи ги продолжија договорите со Вардар

Како што најавивме уште пред крајот на минатата сезона, сега клубот само официјализираше, капитенот Стојанче Стоилов заедно со Даниил Шишкарев, Даниел Ѓорѓески и Мартин Поповски остануваат верни на клубот и во следните сезони.

објавено: 13 јули 2018 - 16:47

Сите играчи беа дел од успесите на клубот во последните две сезони, во освојување на европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и Купот.

Уште најмалку две сезони „црвено-црниот" дрес на Вардар ќе го носат пивотменот Стојанче Стоилов и десното крило Даниил Шишкарев.

Двајцата репрезентативци, едниот на Македонија а другиот на Русија се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година.

Во Вардар најмалку уште една сезона ќе останат и голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски. Тие потпишаа договори до јуни 2019 година.

Најново во Ракомет