НОВ КОНТИНЕНТАЛЕН СОБИР ВО МАКЕДОНИЈА

Брестовац го објави списокот на младинци за ЕХФ Шампионатот во Скопје

24 ракометари ќе се спремаат за настапот на ЕХФ Шампионатот 2018 што во периодот од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје.

објавено: 3 јули 2018 - 12:30

Првиот собир ќе се одржи во среда (4 јули 2018) со почеток во 10:00 часот во спортската сала „Македонско Сонце" во Скопје.

СОСТАВОТ НА МЛАДИНСКАТА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
Виктор Василевски, Андреј Петковски, Матеј Петковски, Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Иван Димитровски, Глигор Гајиќ, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Стефан Атанасовски, Филип Андонов, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Андреј Митиќ.

На ЕХФ Шампионатот во Скопје, Македонија се наоѓа во група со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија. Првиот натпревар нашите надежи ќе го имаат на 20. јули против Британците.

По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.

Најново во Ракомет