НЕВЕРОЈАТНО

Знаете ли кој клуб носи проклетство за голманите - финалисти?

Звучи неверојатно, но е факт. Во трите последни финалиња на Мундијалите кај еден од финалистите имало голман од еден француски клуб и тие секогаш биле на губитничката страна

објавено: 13 јули 2018 - 21:40

Четврто финале по ред францускиот клуб Монако ќе даде голман во финалето на Мундијалот. Тоа е чуварот на мрежата на Хрватска Даниел Субашиќ, кој досега одлично се носеше со притисокот но ќе видиме дали ќе може да ја прекине непријатната традиција во финалните натпревари на Мундијалите. За што се работи?

На претходните три финалиња на Светските првенства Монако дал голман во финалето и неговата селекција секогаш губела. На СП 2006 година на голот на Франција стоеше Фабијан Бартез и тој со својата селекција не успеа да ја победи Италија во финалето. „Триколорите" беа елиминирани од Италија на пенали.

На Мундијалот во 2010 година претставник на Монако во финалето беше голманот Мартен Стекеленбург. Холандскиот чувар на мрежата не можеше да спречи пораз на неговиот тим од Шпанија во финалето во Јужна Африка.

Во 2014 година во Бразил на аргентинскиот гол стоеше Серхио Ромеро. И тој како тогашен член на Монако (иако како позајмен) падна во финалето. Подобри од Аргентинците беше Германија.
На ред е Субашиќ. Дали Хрватот ќе го запре ова проклетство останува да видиме во недела...

Најново во Меѓународен Фудбал