тандемот претплатен за трофеи во ЛШ, повторно заедно?

Зидан и Роналдо повторно заедно!? Зизу за нов спортски директор на Јувентус

Според пишувањата, францускиот стратег кој неочекувано си замина од тренерското место во Реал, сега може да дојде во Торино, каде веќе се пресели Кристијано 

објавено: 17 јули 2018 - 17:04

Зинедин Зидан е пред сензационално враќање во Јувентус и тоа како нов спортски директор на клубот. Некогашниот француски фудбалски виртуоз си замине од торино пред 17 години, за да потпише за Реал Мадрид. Зидан блескаше и во Јувентус и во Реал, а кај „кралевите“ ја започна и тренерската задача. Како стратег, Зизу освои три титули во Лигата на шампионите со мадридскиот гигант. 

Шпекулациите за доаѓањето на Зидан во Јувентус се како најава дека повторно ќе биде споен тандемот со Кристијано Роналдо. Со Зидан на клупата, а Роналдо на теренот Реал освои три титули во Лигата на шампионите во низа. 

Роналдо вчера беше претставен како најголемо засилување на Јувентус, а сега е можно кај „старата дама“ да се врати и популарниот Зизу и тоа во улога на спортски директор. 

Најново во Меѓународен Фудбал