НЕКОЛКУ ГОЛЕМИ ИМИЊА ОСТАНАА НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ!

ВРЕМЕ ЗА БЕСПЛАТНИ ТРАНСФЕРИ: Бен Арфа, Туре, Велосо...!

Фудбалот е за пари овие денови, нели? Успехот зависи од способноста да се потрошат големи пари на трансфер пазарот и ја понудите најдобрата неделна плата.

објавено: 1 август 2018 - 11:00

Вообичаено како и досега најмногу трошат премиерлигашите, така и ова лето каде што Ливерпул за нови играчи одвои над 163,9 милиони фунти, па дури и новопромовираниот Фулам потрошил повеќе од 50 милиони фунти.

Постојат некои големи имиња кои сеуште се достапни за бесплатни трансфери, па во продолжение да видиме кои фудбалери барем оние подобро познатите бараат нов клуб.

-Џереми Пид (претходен клуб Саутемптон)
-Диего Рејес (претходен клуб Еспањол, позајмица)
-Филип Волсшајд (претходен клуб Мец)
-Гиљерме Сиквера (претходен клуб Валенсија, позајмица)
-Мигел Велосо (претходен клуб Џенова)

-Јаја Туре (претходен клуб Манчестер Сити)
-Макс Мејер (претходен клуб Шалке)
-Хатем Бен Арфа (претходен клуб ПСЖ)
-Бернард (претходен клуб Шахтјор Доњецк)
-Понтус Вернблум (претходен клуб ЦСКА Москва)

Туре, интернационалецот од Брегот на Слоновата коска и понатаму верува дека може да игра на највисоко можно ниво во Англија. Не се предава трикратниот шампион во Премиерлигата и четири пати прогласуван за најдобар африкански фудбалер на годината...

Најново во Меѓународен Фудбал