СРЕБРО СО ЗЛАТЕН СЈАЈ - СЕ ВРАЌААТ КАКО ХЕРОИ

Владата на Хрватска ја одреди премијата за фудбалерите

Хрватска не успеа да ја приреди најголемата сензација на Светското првенство, во финалето беше поразена од Франција со 4-2. Сепак и сребрениот медал е многу повеќе од што очекуваа сите, па фудбалерите во својата земја ќе бидат пречекани како херои.  

објавено: 15 јули 2018 - 20:15

Ја обединија Хрватска како никогаш досега, месец дена беа вистински хит на Светското првенство, со својата лавовска битка покажаа дека и малите земји можат да бидат опасни за големите противници. Хрватска не успеа да ја приреди најголемата сензација на Миндијалот, во финалето Франција ја совлада со 4-2.

Сребрениот медал на градите на фудбалерите има златен саја, а по завршување на финалето Владата на оваа земја ги одреди премиите. Секој репрезентативец ќе добие по 70.000 куни односно по 9.500 евра, за предводникот Далиќ се предвидени 60.000 куни, а додека останатите членови на репрезентацијата ќе поделат 96.000 куни.

 

Најново во Меѓународен Фудбал