НА ДУЕЛОТ ТУНИС - ПАНАМА

Вечерва беше постигнат 2.500 гол во историјата на Мундијалите

Факредин бен Јусеф од тунис засекогаш ќе биде запишан во историјата на Светските првенства

објавено: 28 јуни 2018 - 22:22

Факредин бен Јусеф од Тунис засекогаш ќе биде запишан во историјата на Светските првенства. Тој е играчот кој е стрелец на јубилејниот 2.500 погодок во историјата на планетарните собири. Бен Јусеф погоди во 51 минута, кога израмни на 1:1 во дуелот против Панама. До крајот на средбата, Тунис направи целосен пресврт и славеше со 2:1.

Со овој погодок тунискиот фудбалер влезе во друштво на Луциен Лорен од Франција кој е стрелец на првиот погодок на СП 1930 година. Роб Ренсенбрик во 1978 година на дуелот Холандија - Шкотска го даде 1.000 погодок, додека легендарниот Клаудио Каниџа на Мундијалот во САД во 1994 година го постигна 1.500 гол на овие турнири. Како стрелец на 2.000 погодок во историјата на Мундијалите е запишан Маркус Албак од Шведска, на мечот против Англија во 2006 година. 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал