ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПРЕТХОДНО

Вака во 1998 Гризман трчаше по автограми од хероите (видео)

Антоан Гризман како собирач на топки трчаше по хероите на Франција кои во 1998 година ја освоија шампионската титула, сега други трчаат по неговиот потпис

објавено: 16 јули 2018 - 17:30

Во 1998 година во финалето на Сен Дени во Париз Франција го победи Бразил со 3:0 и стана светски шампион. Таа селекција ја предводеа Зидан, Бартез, Анри, Лизаразу, Блан, Турам. Тие беа хероите на младите кои едвај чекаа некој од нив да им поклони дрес, да се поздрави или да им подели автограм. Во едно видео кое кружи низ социјалните мрежи седумгодишниот Гризман бара автограми од таа селекција од 1998. Малиот Антоан заедно со едно другарче трча по фудбалерите и бара автограм, а притоа ги споменува имињата на фудбалери вклучувајќи го и неговиот идол Кристијан Карембе.

Дваесет години подоцна Антоан е лидер на францускиот национален тим кој ја освои втората светска титула во историјата. Напаѓачот на Атлетико го заврши Мундијалот во Русија со четири погодоци.

Најново во Меѓународен Фудбал