12 МЕСЕЦИ НАДВОР ОД ТЕРЕНИТЕ

Ужасни вести за Клоп и Ливерпул

Англискиот фудбалер за врска Алекс Окслејд-Чемберлејн предвреме ја заврши сезоната.

објавено: 18 јули 2018 - 20:10

Поради повреда на коленото членот на Редси ќе ја пропушти комплетната наредна сезона, потврди денеска Клоп.

Да потсетиме, тој се повреди против Рома во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, па мораше да излезе од игра кон средината на првото полувреме.

Станува збор за оштетување на лигаментите на коленото и бара пауза од дури 12 месеци, а по желба на самиот фудбалер не сакаа ваквите лоши вести за фановите на Ливерпул да бидат објавени пред јавноста со цел да не се наруши позитивната атмосфера пред финалето на ЛШ кое следуваше.

Најново во Меѓународен Фудбал