ДАЛИ СЕ ВРАЌА ПОД ВЕЗУВ?

Условите договорени, Кавани пред голем трансфер!?

Единсон Кавани зад себе има уште една одлична сезона во ПСЖ.

објавено: 21 јули 2018 - 09:30

Но, по се изгледа нема доволно место за силната уругвајска ѕвезда, па избројани се деновите на 31-годишниот Кавани на „Паркот на принцовите".

Поточно, тој сам изразува желба да го напушти францускиот шампион, пред неколку дена се шпекулираше дека можно е да се врати во Италија и да потпише за Јувентус.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, сепак Единсон Кавани се поврзува со трансфер во клубот каде што стекна светска слава, Наполи.

Ако им се верува на медиумите во Италија, Кавани веќе постигнал договор со „наполитанците", четири години на „Сан Паоло" и 7.5 милиони евра заработка по сезона.

Да потсетиме, Кавани има договор со ПСЖ до 2020. година.

Најново во Меѓународен Фудбал