„КАРИОКИТЕ“ ТРИУМФИРАА ВО ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ НА „ЕМИРАТИ“

Уругвајците одлични, на крајот им пресуди Нејмар! (ФОТО+ВИДЕО)

Бразилците не блескаа во Лондон, Уругвај дури и делуваше подобро и поопасно, но на крајот „Кариоките" остварија победа..

објавено: 16 ноември 2018 - 23:48

Одлучувачкиот гол го реализираше Нејмар од пенал во 76. минута, а не долго после тој погодок Ришарлисон не реализираше шанса после додавањето од страна на Нејмар.

Тоа беше практично се што покажаа бразилските фудбалери кои денеска играа во состав: Алисон, Филипе Луис, Миранда, Маркињос, Данило, Аугусто, Валас, Артур, Нејмар, Фирмино и Коста.

Уругвајците исто така беа во еден силен состав: Кампања, Лаксалт, Касерес, Мендез, Суарез, Весино, Тореира, Бентанкур, Кавани, Суарез, Переиро.

Најново во Меѓународен Фудбал