ЕВРОПСКАТА ФУДБАЛСКА КУЌА ДОНЕСЕ ОДЛУКА

УЕФА забрани пет парови: Украина-Русија, Косово-Србија...!

Во Даблин (Ирска) на 2. декември 2018 година со почеток од 12:00 часот ќе биде одржана ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство 2020.

објавено: 18 октомври 2018 - 19:30

УЕФА пред одржувањето на ждрепката соопшти кои репрезентации поради затегнати или нерасјаснети политички и некои други односи, нема да можат да играат меѓусебно во групите.

Овие дуели се окарактеризирани како мечеви од висок ризик, тие се: Босна и Херцеговина-Косово, Ерменија-Азербејџан, Гибралтар-Шпанија, Косово-Србија и Украина-Русија.

Македонија може да настапува против сите членки на Европската фудбалска унија, наскоро само ќе дознаеме дали ќе биде дел од четвртиот, петтиот или шестиот шешир.

Најново во Меѓународен Фудбал