БРАЗИЛ – ШВАЈЦАРИЈА 1:1

Зубер ги збуни самобендисаните Бразилци (ВИДЕО)

Бразилците ја погрешија тактиката кога помислија дека по големиот одмор ќе биде уште полесно. И многу брзо беа казнети за таквиот приод во второто полувреме...

објавено: 17 јуни 2018 - 21:58

Мислеа дека ќе биде лесно, особено по оние први 45.минути во кои противникот скоро и да не дојде до нивниот гол, а еден блесок на Кутињо им донесе предност од еден гол.

Но Бразилците ја погрешија тактиката кога помислија дека по големиот одмор ќе биде уште полесно.
И многу брзо беа казнети за таквиот приод во второто полувреме.
Ги казни Стивен Зубер кој по само пет минути од продолжението, го искористи идеалниот центаршут, односно корнерот кој го изведе Шакири, и со глава, непречен од никого, од пет-шест метри, ја заби топката во голот на немоќниот Алисон.

Доволно за реми резултат (1:1) на дуелот во Ростов на Дон. За уште еден нов сензационален резултат во текот на денот, по оној пораз на светскиот првак Германија во дуелот со  Мексико (0:1).
Претходно во првто меч од групата, одигран во Самара, Србија ја победи Костарика со (1:0).

 

Најново во Меѓународен Фудбал