ЛИГА ЕВРОПА - 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Зенит го повтори чудото на Барселона

Рускиот Зенит надополни негатива од 0:4 против Динамо Минск 

објавено: 16 август 2018 - 22:10

Зенит е петтиот клуб во историјата на европските купови кои успеал да пројде во наредната фаза откако првиот меч го изгубил со четири гола разлика. Изненадувачки Зенит изгуби со 4:0 во Минск, а вечерва со ист резултат го победи Динамо во регуларните 90 минути, а во продолженијата даде уште четири гола за конечни 8:1!!! Со тоа помина во следната фаза од квалификациите.

Исто така Зенит го повтори чудото на Барселона во ЛШ од пред две сезони. Да потсетиме Барса го загуби првиот меч од ПСЖ со 4:0, а на реваншот дома го совлада парискиот гигант со 6:1 и помина во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Покрај Зенит и Барса, сличен подвиг успеале да направат уште Лешоеш против Шо де Фон во КПК (1961), Партизан против КПР (1/16 финале на Куп УЕФА во 1984/85) и Реал против Борусија Менхенгладбах (осминафинале на Куп УЕФА 1985/86).

Најново во Меѓународен Фудбал