158 ВЕЧНО ДЕРБИ ВО БЕЛГРАД

ВО СРБИЈА НЕМА ВАР ТЕХНОЛОГИЈА:„Судиското око“ и даде бод на Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Во Србија сеуште не е воведена ВАР технологијата. А токму употребата на новиот метод можеби ќе „кажеше" дали голот на напаѓачот на Црвена Ѕвезда, Боачи, е регуларен или не. Но доволно за нерешени (1:1) и сочувување на лидерската позиција. 

објавено: 23 септември 2018 - 20:56

Во Србија сеуште не е воведена ВАР технологијата. А токму употребата на новиот метод можеби ќе „кажеше" дали голот на напаѓачот на Црвена Ѕвезда, Боачи, е регуларен или не.
Судиското око, она на помошниот делител на правдата на вечното дерби, кажа дека е гол, фаворитот стигна до израмнување, но останаа дилемите, во секој случај.


Дали и на овие простори треба да се користи ВАР технологијата?

Што се случуваше на натпреварот број 158 помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда.

Партизан воспостави апсолутна контрола на играта во првото полувреме од новата вечна пресметка на големите белградски ривали. А тоа беше видливо буквално од првите секунди, кога топката тргна до центарот. 

Стонастотна шанса имаше Партизан уште по половина минута од дербито во Хумска. Но во последен момент, голманот на „црвено-белите" Борјан, ја отстрани опасноста.
Уште подобра беше шансата за Јанковиќ кој „украде" една топка во опасниот дел од полето на Црвена Звезда, влезе во петерецот, но не шутна како што треба.

„Црно белите" имаа потполна доминација, и дури четири прилики за гол во првите 20.минути од играта.
Дури во 26.минута Родиќ го упати првито вистински шут кон голот на домашната екипа, но голманот Стојковиќ лесно одбрани.
Партизановци беа наградени за напорите во 33.минута.
Боачи погреши на средината на теренот, топката ја пресече Рикардо Гомеш, со топката помина скоро триесетина метри со неа, и потоа, со силен и прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја погоди мрежата за водство од (1:0).

Вистинска мајсторија на Гомеш и голема радост за екипата кој не важеше за фаворит пред оваа 158 пресметка на вечните белградски ривали.

Работите не се сменија ниту по големиот одмор. Барем на почетокот...
Веќе во 52 минута од играта, Пантиќ ја разниша конструкцијата на голот на Црвена Ѕвезда. Со силен удар од околу 30. метри, ја погоди пречката, па резултатот остана непроменет.

Казната стигна многу брзо, иако од еден доста спорен момент.

Во 73 минута, по корнерот од десната страна, Боачи упати удар со главата. Голманот на Партизан, Стојковиќ ја одбрани таа топка, но помошниот судија рекламираше дека таа ја преминала онаа гол-линија, па главниот судија Грујиќ, покажа на центарот, за нерешени (1:1) во големото српско дерби.

Па сега, по девет одиграни кола во шампионатот на Србија, Црвена Ѕвезда која има натпревар помалку, има два бода плус во однос на Партизан, но и нишки Раднички. 

 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал