ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИОТ ФЕР-ПЛЕЈ

УЕФА НЕ ПРОСТУВА: Рубин исфрлен од Европа!

Рускиот клуб Рубин од Казањ е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј, потврдија од седиштето на УЕФА.

објавено: 18 октомври 2018 - 11:55

Рубин не го помина мониторингот на Европската фудбалска федерација поради неконтролирано трошење на пари за трансфери и плати на играчи.

УЕФА соопшти дека тимот од Казањ нема да може да настапи во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа, ако обезбеди пласман оваа или следната година.
Не е наведено точно на кој начин Рубин ги прекршил правилата на УЕФА.
Моментално, екипата од Казањ е на петтото место на табелата во руското првенство, со два бода помалку од второто место кое директно води во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Во мај, 2014 година, Рубин се договори после оние први санкции од страна на УЕФА, и притоа платија вкупшно шест милиони евра.

 

Најново во Меѓународен Фудбал