ГЕРМАНИЈА Е ГОЛEМ ФАВОРИТ, НЕМА ДИСКУСИЈА

УЕФА Е ЗАГРИЖЕНА: Ердоган ја кочи Турција

Поради актуелната политика на претседателот Ердоган, европската фудбалска федерација потвди дека Турција има многу намалени шанси да ја добие организацијата на ЕП во 2024 година.

објавено: 23 септември 2018 - 14:40

Наредната недела УЕФА ќе одлучи кој ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 госина. А кандидати се Турција и Германија.

Луѓето од европската „куќа на фудбалот" се загрижени поради репресивниот режим на претседателот на Турција, Реџеп Ердоган, и недостатокот од предлог кој би обезбедил „заштита на човековите права" на турнирот на кој ќе учествуваат 24. национални селекции.
После неуспешниот воен пуч во 2016 година, почнаа масовни апсења во Турција. И иако двегодишната вонредна состојба истекна во јули, новиот антитерористички закон им дозволува на властите да продолжат со масовно отпуштање на јавни службеници.

„Недостатокот на акциски план во врска со човековите права е работа за загриженост"- соопштија од УЕФА.

Извршниот комитет на УЕФА кој во четврток ќе гласа за домаќин на Европското првенство во 2024 година, веќе и овозможи на Турција организација на важно спортско натпреварување затоа што во 2020 година финалето на Лигата на Шампионите ќе се одржи на „Ататурк" Олимпискиот стадион во Истанбул.
Вториот кандидат. Германија, се обидува да ја искористи неповолната политичка ситуација во Турција како главен „двигател" во кампањата.
Претседателот на нивната федерација, Рајнхард Гриндел ги критикуваше властите во Турција откако германските репрезентативци со турско потекло, Месут Озил и Илкај Гундоган, во текот на мај во Лондон, се сликаа со Ердоган, како дел од предизборната кампања во ТУрција.
Во проценките на УЕФА не се наведуваат значајните прашања за кандидатурата на Германија за домаќин на ЕП 2024.

„Кандидатурата на Фудбалскиот сојуз на Германија е квалитетна и ги исполнува сите очекувања кога станува збор за политичките прашања, социјалната одговорност, и издржливост на човековите права" – наведува УЕФА.

Исто така УЕФА соопшти дека ограниченото рекламирање на алкохолни производи во Турција може да доведе до потенцијални конфликти, особено ако се потпише спонзорски договор со компанија која произведува пиво.

Најново во Меѓународен Фудбал