БРУТАЛНО ГИ НАВРЕДУВАЛ ШПАНСКИТЕ КОЛЕГИ

Тоа се пи*ки, го убив со лактот... (ВИДЕО)

Скандалозно било однесувањето на Дејан Ловрен после мечот Хрватска-Шпанија...

објавено: 16 ноември 2018 - 13:00

Репрезентативецот на Хрватска, Дејан Ловрен со своето однесување после дерби дуелот од Лигата на нациите го згрози фудбалскиот свет.

Играчот на Ливерпул на скандалозен начќин ја прослави победата на „коцкастите" против „црвената фурија" (3:2).
По мечот, во соблекувалната. Ловрен ги навредувал колегите од Шпанија, и признал дека намерно, со лактот го удрил Серхио Рамос.

„Драго ми е, го убив со лактот... Аааа, ха, ха... 3:2, па ти после зборувај на конференцијата мајсторе! Тоа се обични пи*ки"- рече Ловрен, а потоа со раката го покри грбот на Шпанија на дресот и со прстот покажа на знамето на Хрватска. „Само ова вреди"...

За потсетување, во изминатите денови Ловрен преку медиумите се препукуваше со халфот на Реал Мадрид, и велеше дека бил преценет.
Капитенот на Шпанците се појави на прес-конфернецијата и со својата изјава го разбесне Ловрен.

„Не би сакал да критикувам никого. Но очигледно е дека некои луѓе сакаат да бидат на насловните страници. Јас сум таков каков што сум. Секој има свое мислење. Мене ми е драго што тренерите имаат само пофални зборови за мене"- рече Рамос пред гостувањето на „Максимир".

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал