Италијанецот се плаши од замор на тимот

Сари: За англиски тим Лигата на Европа е проблем

Италијанецот коментирајќи го дуелот со ПАОК, истакна дека ЛЕ е премногу оптоварувачко натпреварување.

објавено: 21 септември 2018 - 18:30

Челзи ја почна новата сезона во Лигата на Европа со победа на гости во Грција против ПАОК, но новиот менаџер Маурицио Сари сега согледа дека ова натпреварување може да му направи проблеми на тимот во понатамошниот дел од сезоната. Италијанецот коментирајќи го дуелот со ПАОК, истакна дека ЛЕ е премногу оптоварувачко натпреварување.

„За англиски тим, Лигата на Европа е многу напорно натпреварување", вели Сари.

„Во Италија, ако играм во Грција во четврток можам да побарам да играм во понеделник вечерта, овде сега ме чека нов меч за неполни два дена. Не знам како ќе биде во иднина, бидејќи сега се уште не е проблем, бидејќи одигравме само шест натпревари. Но во иднина ова ќе биде проблем. Се надевам дека ќе се квалификуваме во следната фаза по рвите три-четири кола и нема да оставиме се да се решава на крајот, за да се спасиме од дополнителни оптоварувања", вели Италијанецот.

Најново во Меѓународен Фудбал