НЕВЕРОЈАТНО ДОСТИГНУВАЊЕ

РАФА МАРКЕЗ: Мексиканска икона за историја!

Во првото коло од групата „Ф", Мексико ја победи Германија со (1:0), а брилијантиот настап нема да се памети единствено по крајниот резултат.

објавено: 17 јуни 2018 - 22:30

Историски момент за мексиканскиот, но и светски фудбал, се случи во 74 минута од играта кога теренот го напушти Адрес Гуардадо, а влезе Рафаел Маркез.
Култниот мексикански стопер кој во својата долга клупска кариера а попознат како долгогодишен член на Барселона, со тоа го запиша и петтиот настап на едно Светско првенство по ред.

Уште од 2002 година, на секое првенство беше дел од составот на Мексико на теренпт
Интересно, на сите тие првенства Мексико (на последните седум поточно), го помина првиот круг од натпреварите. А се чини дека и сега, по оваа голема победа над Германијам е на истиот пат.
Инаку, Мексико има 16. Настапи на СП, и најмногу од оние селекции кои досега не го освоиле шампионатот.
Последното пропуштено првенство им е она во Италија во 1990 година, а најдобриот успех им е пласманот во четвртфиналето . И во двата случаи на „домашен" терен (1978 и 1986 година).
Со ова „влегување", Маркез се израмни со уште двајца фудбалери, кои се дел од овие две селекции. Го стигна Антонио Карбахал, голманот на мексиканската репрезентација кој исто така собра пет учества во 50 односно 60 години од минатиот век.
А дваесет години подоцна, истото му пијде од рака и на легендарниот Германец, Лотар Матеус.
Треба да се напомене дека пет „покани" за СП има само уште Џанлуиџи Буфон, но големиот италијански голман на СП 1998 година не запиѓша ниту една минута, па поради тоа му се бројат само четири настапи.

Најново во Меѓународен Фудбал