УТРЕ ВЕЧЕР ШКЕНДИЈА ГО ИГРА РЕВАНШОТ ОД ШАМПИОНСКАТА ЛИГА

ОСМАНИ: Да покажеме дека оние 0:3 во Салцбург биле нереални!

Зад „црвено-црните" е македонското дерби и нерешените (2:2) против Вардар во Тетово, но и уште еден предизвик во Европа. Возвратниот дуел од 3. претквалификациско коло од Лигата на шампионите против Ред Бул Салцбург, закажан за утре вечер од 20.15 часот на Арената „Филип Втори" во Скопје.

објавено: 13 август 2018 - 12:24

Зад „црвено-црните" е македонското дерби и нерешените (2:2) против Вардар во Тетово, но и уште еден предизвик во Европа. Возвратнито дул од 3. претквалификациско коло од Лигата на шампионите против Ред Бул Салцбург, закажан за утре вечер од 20.15 часот на Арената „Филип Втори" во Скопје

Кои се очекувањата на шефот на струката Ќатип Османи пред овој дуел во кој Шкендија треба да се обиде да ги стигне оние (0:3) со кои се врати дома пред неполна седмица.

„По поразот од 3:0 Шкендија е подготвена утре да покаже дека тој резултат не е реален. Ни останува да се подготвиме што подобро, и максимално ангажирани да се претставиме во најдобро светло.
Сконцентрирани сме на овој меч, не мислиме на ништо друго и ако го анализирате мечот во Австрија ќе увидите дека дел од головите се наша вина, а и тоа дека создадовме шанси кои не ги искористивме"- изјави Ќатип Османи, кој дополни дека освен Мевљан Мурати кој се повреди против Вардар во саботата, сите останати фудбалери се во комбинација

„Може да има промени во составот, но тие ќе бидат многу мали" - потврди Османи.

Висар Муслиу: Треба да играме во европски стил, со европски шмек

„Ги анализиравме грешките од првиот мец. Ни недостасуваше помалку европски стил, европски шмек, и мислам дека утре ќе направиме се за да се претставиме во шампионско светло.
Не може да се разговара за квалитетот на противникот кој лани играше во полуфиналето од Лигата на Европа. Но и тие се единаесетмина и ние сме исто толку на теренот, сите се исти"- порача Муслиу пред овој реванш дуел од третото претквалификациско коло од Лигата на Шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал