УЕФА ја изрече казната за финалистот во ЛЕ

Олимпик (М) се спаси од суспензија, но ќе игра без гледачи

Олимпик ќе мора да го одигра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа на 20 септември против Ајнтрахт пред празни трибини, а исто така ќе мора да ги плати сите трошоци за поправки што мораа да се извршат на стадионот во Лион, каде се играше финалето на Лигата на Европа.

објавено: 10 септември 2018 - 22:30

Европската куќа на фудбалот ја потврди казната за Олимпик (М), кој ќе мора еден меч од европските купови да одигра на домашен терен пред празни трибини. Французите беа под закана и за целосно исклучивање од европските купови, поради нередите кои ги направија нивните навивачи.

Причината за казната се навивачките испади од претходната сезона на натпреварите против Лајпциг и во финалето против Атлетико (М). Поради ова, УЕФА се закани дека ќе го исклучи францускиот тим во период од две години од европските натпревари, но Олимпик се жалеше на таквата условна казна, па денеска УЕФА го избриша првиот дел од казната и остана на забраната за посета на навивачи на првиот натпревар од новата сезона.

Тоа значи дека Олимпик ќе мора да го одигра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа на 20 септември против Ајнтрахт пред празни трибини, а на следните две натпревари, против Лацио и Аполон, ќе мора да затвори само дел од трибините зад двата гола.

Покрај тоа, францускиот клуб доби наредба да ги плати сите трошоци за поправки што мораа да се извршат на стадионот во Лион, каде се играше финалето на Лигата на Европа.

Најново во Меѓународен Фудбал