ЕДЕН СОСЕМА ПОИНАКОВ, „НОВ“ ПОЛ ПОГБА

НАЈУБАВАТА СЛИКА НА СЛАВЕЊЕТО: Погба му се поклони на Далиќ

Една од највпечатливите сцени по завршувањето на финалниот меч од СП во кој Франција ја совлада Хрватска ја видовме на теренот на „Лужњики".

објавено: 16 јули 2018 - 14:40

Пол Погба, кој конечно, заигра на овој Мундијал како што тоа од него и се очекува(ше),ги однесе „триколорите" кон светскиот врв.

И иако многу почесто во „кадарот" беа Гризман и Мбапе, онака, во свој стил, Погба делуваше од „позадина". Како медиумски, така и на теренот.
Исто така, финалето го одигра беспрекорно добро.
На ова СП тоа беше некој друг Пол Погба, мнопгу поразличен од оној кој се „однесуваше" уште од минатото лето кога со 23. години стана најскапиот фудбалер на светот откако Јунајтед го донесе во Манчестер за 105. милиони евра.
„Овој" Погба не се турка да биде во „прв план", не се расправа со судиите, не се фали. Со односот спрема противниците воодушеви до максимум.

Ја фалеше Хрватска и пред финалето, а по истекот на оние 90. минути искажа најдлабока почит.
По најголемиот успех во кариерата едноставно дојде до хрватскиот селектор, Златко Далиќ, му ја стисна раката, и направи уште еден голем гест – му се поклони на Далиќ, притиснувајќи ја неговата дланка на своето чело.

Најново во Меѓународен Фудбал