ФИФА И ФИФПРО - ИЗБОР НА 11 НАЈДОБРИ НА СВЕТОТ

Лука Модриќ и пред светска промоција?

ФИФА И ФИФпро обавија список од 55. фудбалери кои се финалисти во изборот за најдобриот тим на сезоната.

објавено: 10 септември 2018 - 15:00

Интересно е дека во најголем број, овој малку подолг список беше и за очекување, ако се земе в предвид дека тука е навистина најдоброто од европскиот клупски фудбал.

Најдобриот тим кој го бираат повеќе од 20.000 фудбалери низ целиот свет, ќе биде објавен на 24. септември.
Или во истиот ден кога ќе биде познат и најдобриот фудбалер во изборот на ФИФА.
За потсетување, првата поголема индивидуална награда, онаа од УЕФА, отиде во рацете на хрватскиот суперстар Лука Модриќ, кој ја доби трката со Кристијано Роналдо и со Мохамед Салах.

Со оглед на тоа дека стигнаа до светското „сребро", Хрватите имаат и други номинирани фудбалери како Дејан Ловрен и Шиме Врсаљко кај дефанзивците, но и Марио Манџукиќ односно Иван Ракитиќ, кај оние играчи од средниот ред, односно нападот.
Очекувано, најмногу номинирани фудбалери се оние од Реал Мадрид, кој по трет пат по ред стигна до титулата во Лигата на шампионите.
Но и најголем дел од репрезентативците на Франција – новиот светски фудбалски шампион.

Најдобри голмани на светот

Џанлуиџи Буфон (Италија, Јувентус / ПСЖ), Тибо Куртоа (Белгија, Челзи/Реал Мадрид), Давид Де Геа – Шпанија,Манчестер Јунајтед), Кејлор Навас (Костарика, Реал Мадрид), Марк-Андре тер Штеген (Германија, Барселона)

Најдобри одбранбени играчи на светот

Жорди Алба (Шпанија, Барселона), Дани Алвеш (Бразил, ПСЖ), Даниел Карвахал (Шпанија, Реал Мадрид), Џорџо Кјелини (Италија, Јувентус), Вирџил ван Дајк (Холандија, Саутемптон /Ливерпул), Диего Годин (Уругвај,Атлетико Мадрид), Матс Хумелс (Германија, Баерн), Џошуа Кимих (Германија, Баерн), Дејан Ловрен (Хрватска, Ливерпул), Марсело (Бразил, Реал Мадрид), Џери Мина (Колумбија, Барселона/Евертон), Бенџамин Павар (Франција, Штутгарт), Џерард Пике (Шпаија, Барселона), Серхио Рамос (Шпанија, Реал Мадрид), Тиаго Силва (Бразил, ПСЖ), Киеран Трипие (Англија, Тотенхем), Самуел Умтити (Франција, Барселона), Рафаел Варан (Франција, Реал Мадрид), Шиме Врсаљко (Хрватска, Атлетико Мадрид / Интер), Кајл Вокер (Англија, Манчестер Сити)

Најдобри играчи за врска во светот

Сергио Бускетс (Шпанија, Барселона), Касемиро (Бразил, Реал Мадрид), Фелипе Кутињо (Бразил, Ливерпул/Барселона), Кевин Де Брујне (Белгија, Манчестер Сити), Еден Азар (Белгија, Челзи), Андрес Иниеста (Шпанија, Барселона / Висел Кобе), Иско (Шпанија, Реал Мадрид), Н'Голо Канте (Франција, Челзи), Тони Крос (Германија, Реал Мадрид), Немања Матиќ (Србија, Манчестер Јунајтед), Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид), Пол Погба (Франција, Манчестер Јунајтед), Иван Ракитиќ (Хрватска, Барселона), Давид Силва – Шпанија, Манчестер Сити), Артуро Видал (Чиле, Баерн/Барселона)

Најдобри напаѓачи на светот

Карим Бензема (Франција,Реал Мадрид), Единсон Кавани (Уругвај,ПСЖ), Паоло Дибала (Аргентина, Јувентус), Антоан Гризман (Франција, Атлетико Мадрид), Хари Кејн (Англија, Тотенхем), Роберт Левандовски (Полска, Баерн), Ромелу Лукаку (Белгија, Манчестер Јунајтед), Марио Манџукиќ (Хрватска, Јувентус), Садио Мане (Сенегал, Ливерпул), Килиан Мбапе (Франција, ПСЖ), Лионел Меси (Аргентина,Барселона), Нејмар Јуниор (Бразил, ПСЖ), Кристијано Роналдо (Португалија, Реал Мадрид/Јувентус), Мохамед Салах (Египет, Ливерпул), Луис Суарез (Уругвај, Барселона)

Најново во Меѓународен Фудбал