ЗА НЕГО ИМА САМО ЕДЕН КАНДИДАТ

ЛУИС ЕНРИКЕ ТВРДИ: Лука Модриќ не е најдобриот играч на светот

Селекторот на Шпанија во најава на натпреварот од Лигата на Нациите против Хрватска, говореше за квалитетите на „огнениот тим", но и за најдобриот фудбалер во изборот на УЕФА...

објавено: 11 септември 2018 - 10:30

Селекторот на Шпанија во најава на натпреварот од Лигата на Нациите против Хрватска, говореше за квалитетите на „огнениот тим", но и за најдобриот фудбалер во изборот на УЕФА...

„Ако ја гледаме Хрватска. Би зборувал за Модриќ и за Ракитиќ како најдобрите нивни играчи. Сепак, што се однесува до планетата, тоа е Лионел Меси"- вели Енрике.

Во првото коло Шпанија имаше успешен почеток во ова ново натпреварување. Ја победи Англија на Вембли, а победата против другиот ривал ќе ги кандидидра за главен фаворит за првото место во групата. Природно, тоа создава еуфорија во екипата која беше непријатно изненадување на СП во Русија, каде испаднаа уште во осминафиналето.

„Секако дека сакам еуфорија, најдобрата работа која може да се случи е таа навивачите да бидат среќни, како и целата земја. Ние сме професионалци, и сега мораме на најдобар начин да се подготвиме за претстојниот натпревар кој доаѓа после еден напорен и тврд меч во Лондон" – дополнува селекторот на „црвената фурија".

Доколку го освојат првото место во Групага 4, Шпанците не само што ќе обезбедат место на "фајнал-форот", туку и место во баражот за квалификациите за ЕП. Секако под услов тоа да не го направат низ квалификациите или директно на завршниот турнир.
Ова дерби против светскиот вицешампион се игра вечерва, во Елче, со почеток од 20.45 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал