КАДЕ Е МАРАДОНА, ТАМУ Е ШОУТО

Леб, сол, хамер и Лукашенко (ВИДЕО)

Официјално, тој е претседател на Динамо Брест

објавено: 17 јули 2018 - 09:30

На Мундијалот во Русија го привлече вниманието со начинот на кој ги следеше натпреварите на неговата Аргентина, а ни по завршувањето на светскиот шампионат, Диего Армандо Марадона не се симнува од насловните страници на светскит евесници
Некогаш најдобриот фудбалер на светот во голем стил е претставен како нов претседател на Динамо од Брест.

Ел Пибе го превзема белорускиот клуб уште во текто на мај, но поради обврските на Мундијалот каде беше амбасадор на ФИФА дури вчера и официјално беше промовиран во прв човек на клубот со кој потпиша договор до 2021 година

„Сакам да се фотографирам со претседателот Александар Лукашенко. Се надевам дека во блсика иднина ќе стане наш навивач. Верувајте ми, без прблеми би можел да живеам во Белорусија" – рече Марадона на дочекот откако по едне традиционален словенски обичај, беше послужен со леб и со сол.

На стадионот на Динамо го дочекаа 24.000 навивачи, а таму влезе со со еден голем џип од марката „Хамер", секако за да приреди едно вистинско шоу кое јасно е, ужива во него.

„Имајќи в предвид дека Диего ќе живее во Брест, верувам дека луѓето од сите краеви на светот ќе доаѓаат да ги следат нашите натпревари "- се надева еден од директорите во Динамо, Виктор Радков.

Но оние кои беа на трибините немаа прилика да бидат радосни. Нивните миленици загубија од Шахтјор од Солигорск со резултат (1:3).

Најново во Меѓународен Фудбал