ИСКРЕНА ИЗЈАВА НА БЕЛГИСКИОТ ГОЛМАН

КУРТОА СИ ПРИЗНАВА: Не можев да ги гледам Французите како слават...

„Го исклучив ТВ, а го вклучив дури откако еден мој другар ми рече дека сум прогласен за најдобар голман" - вели репрезентативниот чувар на мрежата на Белгија.

објавено: 16 јули 2018 - 20:20

Репрезентативецот на Белгија Тибо Куртоа ја доби наградата за најдобар голман на Мундијалот. Но сеуште никако не може да ја прежали загубата во полуфиналниот дуел со Франција.

„Го гледав финалето до 94.минута, а потоа го исклучив телевизорот затоа што не можев да гледам како Французите слават" - признава Куртоа.

Или човекот кој после поразот на неговиот тим од Франција во полуфиналето на СП рече дека играта на „триколорите" била срамна.

„Ме повика еден мој пријател и ми кажа дека Модриќ ја добил наградата за најдобар играч на турнирот, и дека потоа го прочитале и моето име. Го вклучив ТВ, сепак, тоа е голема чест за мене, се надевам дека и помогнав на мојата селекција да дојде до полуфиналето. Жал ми е што не направивме еден чекор повеќе" – оценува голманот на Челзи.

 

Најново во Меѓународен Фудбал