ИТАЛИЈАНСКИОТ СТРАТЕГ НАЈАВУВА ИНТЕРЕСЕН МЕЧ

Конте: „Страв“ не е дел од нашиот речник

објавено: 15 јануари 2014 - 15:01

Италијанскиот стратег Антонио Конте вели дека неговиот тим Јувентус не знае за зборот страв.

Вечерва „бјанконерите“ на домашен терен играат против Бенфика и бркаат негатива од еден гол поради поразот од 2-1 во Португалија претходниот четврток.

„Страв? Тој збор не постои во нашиот речник. Јувентус е голем тим кој не се плаши од никого но исто така, Јувентус е тим кој знае и за зборот ’респект’. Ги почитуваме сите противници, без разлика дали тоа е Бенфика или пак е тим од италијанската Серија Б“, изјави Конте и додаде:

„Ќе дадеме се од себе да ја надокнадиме негативата и да играме повторно во финалето по долги 11 години. На вечерашниот меч мора максимално да го користиме нападот а исто така мора да ја сопреме и играта на Бенфика која е доста брза и воглавно се одвива по страничните делови од теренот. Верувам во моите фудбалери затоа што играме на домашен терен. Се надевам дека фановите ќе ни дадат мал ’ветер во грбот’. Очекувам интересен натпревар“, заклучи Конте.

Исто така, од таборот на „бјанконерите“ соопштија дека во составот на Јувентус на мечот против Бенфика ќе настапи Артуро Видал, кој изминатиот период имаше проблеми со повреда.

Најново во Меѓународен Фудбал