ТВРДОГЛАВОСТ, ИНАЕТ ИЛИ НЕШТО ТРЕТО?

КАЛИНИЌ НЕ ГО ЗЕМА МЕДАЛОТ: Благодарам, јас не играв во Русија!

Напаѓачот на Милан, и на хрватската селекција, одбил да го прими сребрениот медал кој неговиот национален тим го освои на Мундијалот...

објавено: 20 јули 2018 - 11:00

Со одлука на селекторот Златко Далиќ, фудбалерот на Милан беше отстранет од репрезентацијата после првиот натпревар на СП оној против Нигерија (2:0) затоа што бил незадоволен со статусот во тимот и ја нарушил дисциплината во екипата.

И покрај тоа, со одлука на стручниот штаб, и пред се на неговите соиграчи, му беше понуден оној сребрен медал кој го добиваат вкупно 50. луѓе во федерацијата, во овој случај хрватската.

Меѓутоа, „Спортске новости" пренесуваат дека 30. годишниот фудбалер се заблагодарил на понудата и го одбил медалот, со кратка порака:

„Ви благодарам, но јас не играв во Русија".

 

Најново во Меѓународен Фудбал