ПРОПУСТ НА БОРДО

Го најавија како големо засилување и заборавија да го пријават во ЛЕ

Тома Башиќ ова лето потпиша за Бордо, но францускиот клуб заборавил да го пријави за Лигата на Европа

објавено: 8 септември 2018 - 16:05

Бордо го донесе Башиќ од Хајдук како перспективен фудбалер меѓутоа од бизарни причини не го пријавил за натпреварите во Лига Европа, барем во есенскиот дел на сезоната. Кога новинарите го запрашале претседателот на клубот Мартин зошто го нема Башиќ меѓу пријавените за ЛЕ, едноставно рекол дека се работи за административна грешка, односно дека заборавиле на поранешниот фудбалер на Хајдук.
Младиот фудбалер потпиша договор на четири години, а Бордо за него плати 3,5 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал