РУСИЈА – ЕГИПЕТ 3:1

ФУРИОЗНО И ПРОТИВ „ФАРАОНИТЕ": Руски марш кон осминафиналето (ВИДЕО)

Серијата, несреќно ја отвори Фати, со автогол, петиот на овој Мундијал досега, ја продолжија Черишев и Ѕјуба, а со ВАР пенал, макар од пенал, Мохамед Салах ја спаси честа на Египет.

објавено: 19 јуни 2018 - 21:51

Само што тргна второто полувреме, Русија дојде до голот. Навистина не го постигна некој од домашните фудбалери, туку тоа беше „дело" на Ахмет Фати, кој си постигна автогол, и се претвори во трагичар на Египет.

На вториот гол пак се чекаше само 12. Минути. Марио Фернандес испрати топка во казнениот простор на Египет, ја дочека Денис Черишев. И онака, ниско, по земја, го матираше голманот на Египет.

Кога веќе го „отворија" противникот, се беше полесно за руските рутинери.

Само три минути подоцна, (3:0) за домаќинот на овој Мундијал.

Артјом Ѕјуба налета на топката внатре во просторот од 16.метри, и со удар во десниот долен агол го совлада египетскиот чувар на мрежата за недостижни три гола предност.

И скоро сигурно осминафинале за организаторот на овој фудбалски спектакл, кој веќе има шест бода, но и импресивна гол-разлика (8:1).

Сепак, фудбал се игра до 90. минута.
Период во кој Мохамед Салах успеа да потсети дека „е тука", дека е предводник на Египет.

Макар и преку удар од 11. метри досуден со помош на ВАР технологијата, колку да потврди дека ова е негова сезона, иако селекцијата која ја предводи е пред елиминација од овој собир во Русија.
А ако утре Уругвај биде подобар од Саудиска Арабија, тогаш и јужноамериканците и Русите се веќе во следниот круг од Мундијалот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал