ПОБЕДНИЧКА ВЕЧЕР ЗА ДВАЈЦА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

Фенербахче распарчен среде Загреб, Тричко поразен дома (ВИДЕО)

Убедлив старт на Динамо Загреб во групната фаза во Лига Европа, пред домашната публика славеше со 4-1.

објавено: 20 септември 2018 - 23:05

Двајца македонски репрезентативци се радуваа по вечерашните први мечеви од групната фаза во Лига Европа. Аријан Адеми, кој поради повреда на беше во составот на Динамо Загреб има голема причина за задоволство, неговиот тим на домашен терен ги совлада Фенербахче и Елиф Елмас со убедливи 4-1.

Хрватскиот тим поведе во 16. минута со голот на Шуњиќ, 11. минути подоцна Хајровиќ го зголеми водството на 2-0. Гостите две минути по одморот намалија на 2-1, но Хајровиќ со вториот погодок ја врати предноста од два гола (3-1). Конечните 4-1 ги постави Олмо во 60. минута.

Македонскиот бисер се најде во почетниот состав на Фенербахче, кој чуваше сили за истанбулското дерби. Елмас го одигра целиот меч, во 69. минута заработи жолт картон.

Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски, го совлада Карабах со 2-0. Рафиња го отвори мечот, стрелец на вториот гол беше Жоване Кабрал. Ристовски го одигра целиот меч.

Пораз вечерва „заработи" и Иван Тричковски, АЕК Ларнака на домашен терен беше минимално совладана од Цирих со 1-0.

На останатите средби, Арсенал беше подобар од Ворскла со 4-2, додека Милан на гостувањето кај Дунделаж славеше со 1-0.

Најново во Меѓународен Фудбал